Екипата на Објетиво од Падова е нов европски клупски шампион по победата во дербито на турнирот против македонски Алкалоид.
Скопските „фармацевти“ не успеаја да го добијат мечот што можеше да им ја донесе втората европска круна и загубија со 2:5-3:5 во поени и во конечниот пласман се четвртопласирани.
Даниеле Вокатуро на последната шеста табла со победа против Владислав Ковалев го одлучи мечот, а сите преостанати пет партии завршија со реми.
Со сите 7 победи тимот од Падова се закити со првата клупска титула, а сребрениот медал им припадна на шахистите на Нови Бор од Чешка, додека третопласиран е руски Медњи Всадник.
Кај дамите грузијска Нона е европски првак, пред Киев и екипата на Монте Карло.
Успех забележа Шахријар Мамедјаров кој го осбио златниот медал на првата табла со три победи и две нерешени, предводејќи го Алкалиод на клупскиот куп.