Шаховскиот строј од Санкт Петербург, Медњи Всадник повторно е европски клупски шампион, а титулата во Струга ја освои без пораз, со шест победи и едно реми.
Популарниот „Бронзен коњаник“ предводен од одличните велемајстори Петер Свидлер и Андреј Есипенко во последното коло вечерва го победи норвешкиот тим Екстра Кон со 3.5:2,5 и пак се закити со шампионската круна во Европскиот клупски куп што Медњи Всадник ја освои и во 2018 година.
Тимот од Санкт Петербург на крајот заврши прв во Струга со 13 бода, еден повеќе од чешшкиот клуб АВЕ Нови Бор. Со победа од 3.5:2.5 денеска во последното коло против Алкалоид, бронзата ја освоија шахистите на Вугар Гашимов од Азербејџан.
Иако скоспките фармацевти од Алкалоид беа рангирани како први фаворити, сепак за ал не успеаја да освојат медал. Во последната рунда денеска тргнаа од третото место, но загубија од Вугар Гашимов и паднаа на 8. место на конечната табела со 9 бода.
Алкалоид загуби и од шпанската екипа Сила- Валенсија и со два порази, едно реми и четири победи имаше сили само за позицијата со број 8.
Од македонските екипи Прилеп го заврши турнирот на 17. позиција, Гамбит Асеко СЕЕ е 23-ти, а Гостивар го освои 31-то место во конкуренција на 38 екипи.
Кај дамите убедливо со 7 победи во 7 кола европската титула ја освоија шахистките на Јужен Урал, пред Монте Карло и ГРЕКО-Киев.
Куманово заврши на петтата позиција, а на последните две мест во конкуренција на 8 ѓенски екипи турнирот во Струга го завршија шахистките на Алкалоид и на МСК Центар.