Алкалоид оди во Данска да собира искуство, а квотите да изненади како во Шпанија се фантастични (Фото)

Ракометарите на Алкалоид вечерва (20.45) ги продолжуваат настапите во Лигата на Европа со гостувањето кај Бјерингбро-Силкеборг. Македонскиот тим по првите три кола има учинок од два пораза на домашен терен, и тоа од Војводина и Силкерборг, и реми на гости против Ла Риоха.
Минатиот вторник избраниците на тренерот Кирил Лазаров во СЦ „Јане Сандански“ беа совладани со 21:31, но во високиот пораз кумуваа и петте промашени седмерци.
Лазаров за вечерашниот натпревар со фаворитот за освојување на првото место во групата се надева дека неговите ракометари ќе ја повторат играта што ја прикажаа против Ла Риоха на гости, кога дојдоа до реми, и ќе „купуваат“ искуство за иднина.
„Бјерингбро – Силкеборг покажа дека е фаворит број еден во нашата група и во моментов е најквалитетен тим. Ние ќе одиме во Данска да се надигруваме. Тој меч треба да ни послужи за собирање ново искуство што треба да го искористиме за тоа што нѐ очекува во иднина. Се надевам дека ќе имаме подобра реализација и во реваншот ќе покажеме поголема борбеност и поголема мотивираност“, вели Лазаров.
Квотите велат дека Бјерингбро-Силкеборг е апсолутен фаворит на овој меч (1.05), но одлична е квотата за Алкалоид да го повтори успехот од првото европско гостување и да одигра нерешено (19.00).
- Оглас -

Најнови вести