Алкалоид повторно триумфира на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Екипата на Алкалоид е победник на третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој се одигра во Скопје. Овој традиционален турнир е во чест на прерано починатиот ракометар Марко.

Турнирот се играше во спортскиот центар кој го носи името на Марко Божиновски, а во претходните три дена гледачите можеа да видат многу интересни и квалитетни дуели. Во финалето, Алкалоид со 27:26 го победи тимот на Коњуџ од Босна и Херцеговина.

Најдобар стрелец на турнирот е Данило Бутиќ од Морнар Бар, признанието за најдобар голман му припадна на Амел Мухавдиќ од Коњух, додека за МВП на турнирот беше избран Мартин Крстевски од Алкалоид.

Наградата за најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, ја освои Марко Димовски од Пелистер.

Во мечот за третото место, Пелистер беше убедлив и со 39:30 славеше над Морнар од Црна Гора. На турнирот учествуваа и екипите на Вардар, Бутел Скопје, Струга и трет гостин од странство, екипата на Одохеи од Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести