Алкалоид се пофали со седум нови засилувања за следната сезона (Фото)

Освојувачот на Европскиот куп на ЕХФ, Алкалоид, само еден ден по официјалното завршување на сезоната се пофали седум нови ракометари за следната сезона. Раководството на скопските „фармацевти“ доведе шест македонски ракометари и еден српски интернационалец.

Нови ракометари на Алкалоид се Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски и Урош Борзаш од шампионот Еурофарм Пелистер, како и Михаил Аларов од Вардар. Ѓорѓи Николовски се сели од Мулти Есенс во Алкалоид, Михаил Ивановски се враќа од позајмица во српската Дубочица Лесковац, како и талентираниот Давид Трајкоски од екипата на Прилеп.

- Оглас -

Најнови вести