Македонскиот претставник во ракометниот Европски куп на ЕХФ, скопски Алкалоид, вечерва од 18 часот во салата „Автокоманда“ го игра реванш дуелот со италијански Бриксен на кој треба да се потврди пласманот во четвртфиналето на ова натпреварување.
Тимот на тренерот Кирил Лазаров на првиот дуел во Италија победи со 44-32, а според квотите во Sport Life, и вечерва македонскиот тим е апсолутен фаворит за победа, основната хендикеп граница на разлика е на 9.50 голови, што значи дека треба да погодувате дали триумфот ќе биде со едноцифрена или двоцифрена разлика.
Сепак, Фармацевтите најавија дека нема да го потценат ривалот.
„Бриксен игра модерен и брз ракомет, но ние сме поквалитетни, можеме да дојдеме до уште една победа. Ја повикувам публиката да не бодри и заеднички да го славиме пласманот во четвртфиналето“, рече Мартин Велковски.