Алкарас денеска ќе освои трофеј, а веќе мисли и на Ролан Гарос

Карлос Алкарас е голем фаворит во финалето на Мастерс турнирот во Мадрид, каде противник му е Јан-Ленард Штруф. Искусниот германски тенисер успеа да стигне до финалето, но реално ќе биде чудо ако успее да го победи Алкарас.

Шпанецот не само што мисли на денешното финале, туку веќе прави анализи и за тоа што може да се случи на Гренд слем турнирот во Париз, популарниот Ролан Гарос.

„Мислам дека на Ролан Гарос фаворитската улога ќе ја имаат Ѓоковиќ, Циципас, Надал ако игра и секако јас. Себе си се ставам високо на оваа листа, затоа што играм во добра форма, имам одлични резултати и верувам во себе. Ѓоковиќ секогаш е меѓу фаворитите, Надал секако дека треба да е во фаворитите затоа што тоа е негов турнир. На нив двајца очекувам да се приклучиме јас и Стефанос“, вели младиот шпански тенисер.

- Оглас -

Најнови вести