Алкарас е новиот Надал

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас смета дека младиот Шпанец Карлос Алкарас е идеалниот наследник на Рафаел Надал.

Алкарас, кој следниот месец ќе наполни 20 години, моментно е втор тенисер на АТП ранг-листата, а има една гренслем-титула, како и три трофеи од турнирите од серијата Мастерс 1000.

„Што се однесува до Надал, тој му нуди многу на тенисот. Кога не е повреден, неговото присуство и енергија, начинот на којшто се бори за секој поен, значат многу на секој турнир. Сега имаме сличен играч на него, тоа е Карлос Алкарас, поради начинот на којшто се бори за секоја топка и поен на теренот. Тие двајца имаат многу сличности и верувам дека Алкарас може да биде следниот Надал“, изјави Циципас.

- Оглас -

Најнови вести