Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас во интервјуто за „Тенис ТВ“ изјави дека Новак Ѓоковиќ постојано му е во мислите откако го прескокна на првото место на АТП ранг-листата.
„Немам што да лажам и да кријам. Размислувам за Новак секогаш кога ќе дојдам на тренинг и ќе го земам рекетот во рака. Целта ми е сезоната да ја завршам на првото место на ранг-листата на АТП и моменто сум фокусиран на тоа“, изјави Алкарас.
Шпанецот откри дека мислите и желбата да го прескокне Ѓоковиќ на ранг-листата дополнително го мотивираат.
„На секоја топка одам со 100 отсто со цел да ја удрам добро, и тоа морам да го пренесам на теренот кога играм, но мора да признаам дека не е толку едноставно. Посебно кога играте против Новак. Само така можам да му се спротивставам на Ѓоковиќ“, додаде Алкарас.