Капитенот на Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија, Давид Ферер, не штедеше пофални зборови за Карлос Алкарас. Ферер вели дека Алкарас има одлични резултати за еден 20-годишен тенисер.
„Тој е број 2 во светот, но не може да барате и очекувате еден 20-годишник постојано да победува. Ние сакаме секогаш да победува, но факт е дека во последните година и пол дена одигра на многу високо ниво и освои два Гренд слем турнири. Сега тој е во транзициски години во кои логично е да биде под голем притисок затоа што сите очекуваат тој да го задржи високото ниво“, вели Ферер.
Алкарас нема титула од триумфот на Вимблдон, но Ферер потенцира дека ниту Рафаел Надал, ниту Новак Ѓоковиќ не биле подобри од младиот Шпанец, кога тие имале 20 години.
„Тој е калибар на Надал, Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Времето е пред Алкарас. Не се сеќавам дека Рафа или Ноле освоија толку кога беа колку што сега е Карлос“, додава Ферер.
Надал на 20 години имаше освоено два Гренд слем турнири, а Ѓоковиќ само еден. Сепак, подоцна токму Новаќ и Рафаел станаа поим за тенис и тие се двајцата најтрофени на сите времиња, а за Алкарас останува времето да покаже дали може да дојде со тоа ниво.