Карлос Алкарас е првиот финалист на егзибициониот турнир „Шест крала“, кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија. Шпанецот до големото финале со победата од максимални 2-0 над Тејлор Фриц во полуфиналето.
На Алкарас му беше потребен еден брејк во првиот сет за водство од 1-0 (6-4), а тоа се случи во петтиот гејм. Во вториот сет Шпанецот успеа да дојде до два брејка, во петтиот и во седмиот гејм, што значеше убедливи 6-2 и победа од 2-0.
Противник на Алкарас ќе му биде подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.