Алкарас експресно до четвртфинале во Монте Карло

Карлос Алкарас продолжува со доминацијата на земјена подлога. Еден од најдобрите тенисери на денешницата на импресивен начин избори пласман во четвртфиналето на првиот Мастерс 1000 турнир на земја сезонава, Монте Карло.

Во осминафиналето, шпанскиот ас беше немилосрден против Германецот Даниел Алтмаер, совладувајќи го со 2-0 во сетови (6-3, 6-1) за малку повеќе од еден час игра. Алкарас уште еднаш покажа зошто важи за еден од најголемите фаворити за титулата.

Во борбата за полуфинале, негов следен предизвик ќе биде младиот Французин Артур Фис, кој приреди изненадување елиминирајќи го Андреј Рубљов.

- Оглас -

Најнови вести