0.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Алкарас го одигра 100-тиот меч на гранслем-турнирите и зад себе ги остави Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Карлос Алкарас без никакви проблеми се пласира во осминафиналето на гранслем-турнирот во Мелбурн, Австралија. Шпанецот со 6:2, 6:4 и 6:1 го победи Корантен Муте од Франција.

За Алкарас ова беше 87-ма победа, а има само 13 порази на најголемите четири турнири во светот, израмнувајќи го рекордот на легендарниот Бјорн Борг. Алкарас зад себе на оваа листа ги остави сите останати легенди. Џон Мекинро и Рафаел Надал во првите 100 меча имале 86 победи и 14 порази, Роџер Федерер во првите 100 гранслем-дуели имал 80 победи и 20 порази, а Новак Ѓоковиќ бил со биланс од 79 победи и 21 пораз.

На женскиот дел од турнирот, главната фаворитка Арина Сабаленка се намачи, но на крајот победи со 7:6, 7:6 против Анастасија Потапова и влезе во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести