Алкарас го освои Мадрид и наскоро се враќа на чело на АТП листата (Фото)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас е победник на Мастерс турнирот во Мадрид, откако во финалето го совлада германецот Штруф со 2-1, односно 6-4, 3-6 и 6-3 по сетови.

За младиот шпанец ова е втор освоен Мастерс оваа сезона, откако претходно го освои и турнирот во Индијан Велс.

После денешната победа, сосема е извесно враќањето на лидерската позиција на АТП листата после следниот турнир во Рим. Алкарас ќе започне директно од второто коло со што ќе добие најмалку 10 бодови, а Ѓоковиќ ќе ги брани максималните 1000 бодови, бидејќи минатата сезона го освои Мастерсот во Рим. Тоа значи дека и со пораз на првиот натпревар, Алкарас ќе го помине Ѓоковиќ на лидерската позиција.

Единственото нешто што може да го остави србинот на водечката позиција е Алкарас да не се појави на турнирот во Рим.

- Оглас -

Најнови вести