21.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Алкарас го освои турнирот во Токио, а потоа шокираше со ненадејно откажување

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го откажа учеството на турнирот во Шангај. Оваа неочекувана одлука на Алкарас дојде само неколку часа откако тој триумфираше на турнирот во Токио, Јаполнија. Во финалето на турнирот во Токио, Алкарас беше подобар од Тејлор Фриц со 6:4 и 6:4, а потоа стигна вест за неговото откажување на турнирот во Шангај.

„Многу сум разочаран, но морам да објавам дека нема да бидам во можност да учествувам на турнирот во Шангај оваа година. За жал, имам физички проблеми и по консултации со својот тим сфативме дека најдобра одлука е да одморам и да се опоравам. Многу бев среќен кога играв пред сјајните навивачи во Шангај. Се надевам дека наскоро ќе се вратам, а на моите навивачи од Кина им ветувам дека ќе се видиме следната година“, беше пораката која Алкарас ја испрати преку социјалните мрежи.

Инаку, Алкарас се повреди на самиот старт од турнирот во Токио. По реакцијата на лекарите, Шпанецот продолжи и на крајот дури и го освои турнирот во Токио, но сепак, сега ќе мора да мирува.

- Оглас -

Најнови вести