Алкарас го победи идниот рекет број 1 во светот и ќе игра во финалето во Париз

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас, е првиот финалист на грен-слем турнирот Ролан гарос во Париз, откако после голема борба го совлада Јаник Синер со 3-2. Италијанецот и покрај поразот ќе го мине Новак Ѓоковиќ на АТП ранг-листата и ќе биде нов рекет број 1 во светот. За разлика од него, Алкарас, доколку успее да го освои грен-слемот во Париз, тогаш и тој ќе го мине србинот и го спушти на третата позиција.

Полуфиналето започна со прв убедлив сет на Синер, кој поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 6-2. Алкарас веднаш врати со 6-3, но со истиот резултат победи Синер во третиот сет за водство од 2-1. Следуваше голем пресврт на шпанецот, кој ги доби четвртиот и петтиот сет со 6-4 и 6-3 за голема победа и финале во Париз.

Противник на Алкарас ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Руд и Зверев.

- Оглас -

Најнови вести