16.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Алкарас го „збриша“ Ѓоковиќ за финале на САД опен!

Карлос Алкарас е првиот финалист на САД опен, откако со максимални 3-0 славеше над Новак Ѓоковиќ, по сетови 6-4, 7-6 и 6-2, за 146 минути игра.

Шпанецот тргна одлично и уште во првиот гејм направи брејк и тоа знаеше да го сочува до крајот на првиот сет. Вториот сет започна со доминација на Србинот, кој откако го освои својот сервис, направи брејк за 2-0, но предноста ја загуби во петтиот гејм и му дозволи на Алкарас да се врати резултатски. На крајот Шпанецот го доби сетот на поени, 7-4.

Во третиот сет следуваше комплетна доминација на Карлос Алкарас, кој со два брејка, во четвртиот и во осмиот гејм, дојде до убедливи 6-2 и пласман во финалето на САД опен.

За Шпанецот ова е прва победа над најдобриот тенисер во историјата по пауза од 14 месеци, но и израмнувачка на 5-5 во меѓусебните дуели.

- Оглас -

Најнови вести