Алкарас го „збриша“ Циципас и закажа полуфинале со Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас на убедлив начин стигна до пласман во полуфиналето на „Ролан Гарос“ откако со максимални 3-0 го совлада гркот Стефанос Циципас.

Алкарас првите два сета ги доби без поголеми проблеми со 6-2 и 6-1. Неизвесност понуди само третиот сет, во кој Гркот имаше сили да дојде до тајбрејк, кој го загуби со 7-5 на поени.

Веќе позната е и првата полуфинална двојка која ќе ја сочинуваат првиот носител Алкарас и третиот фаворит на „Ролан Гарос“, Новак Ѓоковиќ. Според многумина ова ќе биде финале пред финалето.

Втората полуфинална двојка ќе биде позната утре, откако ќе се одиграат четвртфиналните дуели Руне – Руд и Зверев – Ечевери.

- Оглас -

Најнови вести