Карлос Алкарас се пласираше во осминафиналето на мастерс-турнирот во Мајами откако без никакви проблеми го победи Гаел Монфис со 2:0 во сетови, и тоа 6:2, 6:4.
Иако немаше неизвесност околу резултатот, двајцата тенисери на теренот направија вистинско шоу и одиграа неколку спектакуларни поени.
https://twitter.com/i/status/1772416606401867928
Во еден момент Монфис едноставно немаше како да се брани од Алкараз. „Карлос е насекаде“, му дофрли тренерот на Монфис, а потоа тенисерот со насмевка само додаде „насекаде е“.
https://twitter.com/i/status/1772414463578132551
Мечот од трибините го следеа повеќе спортски ѕвезди, меѓу кои беа Нејмар и НБА-кошаркарот Џими Батлер. По дуелот, Алкарас се дружеше со двајцата докажани спортисти.