Алкарас и повреден го „збриша“ Зверев за полуфинале во САД

Најдобриот тенисер на АТП-листата, Карлос Алкарас, со убедлива игра и максимални 3-0 го совлада Александер Зверев во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД по сетови 6-3, 6-2 и 6-4.

Неизвесност имаше само во првите шест гејма од мечот, но потоа следуваше брејк кој беше доволен за водство на Алкарас.

Шпанецот во вториот сет беше уште поубедлив и со два брејка дојде до 2-0. Зверев заигра подобро во третиот сет, но и тоа не беше доволно за да дојде барем до намалување на водството на противникот. Клучен беше деветтиот гејм, во кој Алкарас направи брејк, а потоа само рутински го освои и 10-тиот за 6-4 во третиот сет.

Карлос Алкарас во полуфиналето ќе се сретне со Данил Медведев, додека другата двојка се Новак Ѓоковиќ и Бен Шелтон.

- Оглас -

Најнови вести