Првите фаворити за освојување на Австралија опен во машка и во женска конкуренција, Карлос Алкарас и Арина Сабаленка, без изгубен сет успеаја да стигнат до пласман во четвртфиналето на првиот Грен слем турнир оваа сезона.
Шпанецот со 3-0 славеше над Томи Пол од САД за 158 минути игра. Во првиот сет се играше тај-брејк, кој му припадна на Алкарас со 8-6 на поени, додека следните два сета му припаднаа со по два гејма разлика – 6-4 и 7-5.
Максимална победа забележа и белоруската тенисерка, Арина Сабаленка, која со 2-0 славеше над Викторија Мбоко од Канада. Сабаленка првиот сет го доби без проблеми со убедливи 6-1, додека во вториот мораше да игра тај-брејк, но таму беше убедлива со 7-1.

