Алкарас и Сонего направија шоу во Мелбурн, на крајот Шпанецот се радуваше (Видео)

Карлос Алкарас се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако со 3:1 во сетови го елиминираше Италијанецот Лоренцо Сонего. Мечот траеше речиси три и пол часа, а Шпанецот на крајот се радуваше.

Вториот фаворит во Мелбурн го доби првиот сет со 6:4, но во вториот беше изненаден и го загуби во тајбрејк. Во третиот сет Алкарас успеа да направи еден брејк и тоа беше доволно да го добие со 6:3. Во четвртиот сет повторно имаше голема борба, стигнаа до 6:6, а овојпат тајбрејкот му припадна на Алкарас и со тоа да стигне до победа.

„Многу сум задоволен како одиграв денеска. Сонего одигра одличен меч и тоа беше мотив и јас да заиграм уште подобро. Севкупно ова беше одличен меч“, рече Алакрас веднаш по средбата.

Во текот на целиот меч имаше многу возбудливи поени, а посебно шоу тенисерите приредија со двата најубави поени кои беа одиграни едно по друго.

https://twitter.com/i/status/1747894978204872707

 

 

- Оглас -

Најнови вести