За трофејот на АТП турнирот во Барселона ќе играат домашниот тенисер Карлос Алкарас и гркот Стефанос Циципас. Токму гркот прв обезбеди пласман во финалето откако во три сета го совлада италијанецот Лоренцо Музети, по сетови 6-4, 5-7 и 6-3.
Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето беше подобар од британецот Даниел Еванс со максимални 2-0 и идентични 6-2 во двата сета.
Финалето на турнирот во Барселона кој се игра на земјена подлога е закажано за утре со почеток во 16 часот.