Првиот носител на Ролан Гарос, Карлос Алкарас, во третото коло ја оправда улогата на фаворит и во три сета со 6:1,6:4,6:2 го победи Денис Шаповалов, а по дуелот им прати порака на конкурентите.
„Тенисерите кога играат против мене мора да направат големи работи за да ме победат. Секој поен е голем и важен поен и затоа никогаш не ги губам фокусот и концентрацијата. Тоа е мојата најсилна страна на теренот“, изјави Алкарас.
Во следната рунда, Алкарас го очекува дуел со Италијанецот Лоренцо Мусети.