13.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Алкарас искрено: „Сè уште сум далеку од големата тројка“

Карлос Алкарас има само 22 години, но веќе освои шест гранслем-турнири, но и покрај тоа, тој во интервју за шпанската „Марка“ вели дека е далеку од големата тројка која ја сочинуваа Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Сè уште не сум ни блиску до големата тројка“, вели Алкарас, па продолжува:

„Ѓоковиќ е четврти во светот, сè уште игра, беше во полуфиналето на сите четири гранслем-турнири. Има високо ниво и мотивација бидејќи физичката подготвеност му дозволува да се натпреварува и да биде на максимално ниво. Точно е дека последните години јас и Јаник најмногу победуваме, но тоа не значи дека смената на генерации започна.“

Алкарас имаше коментар и за ривалството со Јаник Синер.

„Мислам дека и двајцата сме опседнати еден со друг. Тој изгуби неколку натпревари во последните две години, и тоа најмногу од мене. Јаник затоа мораше да седне и да размисли зошто не успеа да ме победи повеќепати. Тоа е логично и нормално. Јас губев против многу тенисери, но и јас размислувам како да играм подобро против него следниот пат“, вели Карлос Алкарас.

Шпанецот беше најконстантен годинава, па 2025 ја заврши како лидер на АТП ранг-листата, пред Јаник Синер.

- Оглас -

Најнови вести