Алкарас испиша историја, ова не им успеало ниту на Ѓоковиќ, Федерер, Надал…

Најголемите фаворти во светот на тенисот Карлос Алкарас и Јаник Синер обезбедија место во полуфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло. Синер со 6:3 и 6:4 го победи Феликс Оже-Aлијасим, а без проблеми беше и Алкарас кој беше подобар од Александер Бублик со 6:3 и 6:0.

Алкарас со победата на Бублик испиша историја. Тој стана само третиот тенисер кој стигнал до 300 победи во кариерата пред да наполни 23 години. Со ваков подвиг не може да се пофалат ниту Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал, а Алкарас влезе во друштво на легендарните тенисери Род Лејвер и Џими Конорс, кои досега беа единствени во Опен ерата што имале 300+ победи пред да наполнат 23 години.

Шпанецот кој уште има 22 години до 300 победи стигна во 367 одиграни мечеви. На Џими Конорс му беа потребни 365 средби за да стигне до 300 победи пред да наполи 23 години, додека Род Лејвер до 300 победи стигна во само 355 меча.

Од останатите тенисери кои најбрзо стигнале до 300 победи во профи тенисот тука се Џон Мекинро во 367 натпревари, а потоа следат и Рафаел Надал (373 меча) и Борис Бекер (374 меча).

- Оглас -

Најнови вести