Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Кина, откако без многу проблеми, со 6:2, 6:2 го победи Италијанецот Лоренцо Мусети. Помалку од еден и пол час траеше мечот, по кој Шпанецот ја прослави 60-тата победа во 2023 година.
https://twitter.com/i/status/1708415725210050709
Младиот тенисер веќе ги собра симпатиите кај домашните навивачи и вели дека е изненаден како е дочекан во Пекинг и дека не верувал дека уште во првиот негов престој таму, ќе има таква голема поддршка од трибините.
„Искрено, уште од загревањето, трибините беа полни. Го скандираа моето име, ми даваа поддршка. Многу од нив дури и на шпански јазик викаа „Вамос Карлитос“. Навистина е прекрасно, не го очекував ова“, вели Алкарас.