Карлос Алкарас со максимални 3-0 го победи Новак Ѓоковиќ и го одбрани трофејот од најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон. Победата на шпанецот нема да донесе промени на врвот на АТП листата, Синер останува прв, Ѓоковиќ втор, а Алкарас останува третопласиран и покрај триумфот.
Шпанскиот тенисер на англиско тло дојде до голема победа, а неговата Шпанија вечерва во финалето на Европското првенство игра токму против Англија.
„Со мојот тим ќе го гледам финалетот. Јас мојата работа ја завршив, сега е редот на фудбалерите да го направат истото. Ќе биде тешко, ќе видиме што ќе се случи.“ – порача Алкарас.
Победникот на Вимблдон, Карлос Алкарас, имаше само честитки и пофалби за својот противник, кој стигна до финалето, но не успеа да го направи и последниот чекор до трофејот.
„Последните неколку седмици беа тешки за Ѓоковиќ. Направивте одлична работа после Ролан Гарос и операцијата, уште повеќе ако се знае дека до пред самиот почеток и не се знаеше дали воопшто ќе може да игра. Неверојатно е што после тоа успеа да играш, големо почитување кон тебе и сите честитки.“ – му порача Алкарас на Новак Ѓоковиќ.