Карлос Алкарас дојде до трофејот од АТП турнирот во Доха, Катар, и тоа не било како, туку убедливо како на тренинг и за само 52 минути. Ова финале ќе остане запаметено како едно од најкратките во историјата на АТП-500 серијата.
Францускиот тенисер, Артур Филс, едноставно немаше шанси против моментално најдобриот на АТП ранг-листата и не само што загуби за само 52 минути, туку успеа да освои само три гејма во поразот од 6-2 и 6-1.
Шпанецот со овој триумф само се зацврсти на лидерската позиција на светската ранг-листа.

