Алкарас лесно помина во следната рунда и упати порака до Новак Ѓоковиќ

Шпанецот Карлос Алкарас не дозволи никакво изненадување и со 3:0 во сетови го победи Лојд Харис од Јужна Африка за пласман во третото коло на Отворентоо првенство на САД. Точно два и пол часа траеше мечот во којшто Шпанецот победи со 6:3, 6:1 и 7:6(4).

По победата, Алкарас изјави дека негова цел ќе биде освојување на последниот гренслем-турнир за оваа година, но и што е можно побрзо враќање на првата позицијата на АТП-листата, за која е сигурно дека ќе ја загуби по завршување на турнирот во Њујорк. Новак Ѓоковиќ повторно ќе биде број 1 во светот, а Шпанецот најави дека е фокусиран за брзо враќање на тронот.

„И претходно имам кажано дека имаме одлична битка со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП-листата. Знаев дека тој ќе се врати на првото место по ОП на САД, но кога ќе заврши турнирот, моја цел е што е можно побрзо да се вратам на тронот на АТП-листата. Постојано работам напорно и до крајот на годината остануваат уште многу турнири во кои ќе се обидам да бидам број 1“, рече Алкарас.

https://twitter.com/i/status/1697419194352959835

- Оглас -

Најнови вести