Карлос Алкарас се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако со 3:1 во сетови го победи германскиот тенисер Жан-Ленард Штруф. Победата на Алкарас е очекувана, посебно ако се знае дека Штруф е дури на 125 место на АТП листата.
Силно започна фаворитот во првиот сет и го доби со убедливи 6:1 и тоа по само 27 минути игра.
Carlos Alcaraz 🇪🇸 wins the first set against Jan-Lennard Struff 🇩🇪 6-1 #Wimbledon 🌱 pic.twitter.com/XtYalTtBX5
— Daily Alcaraz (@alcarazdaily) July 4, 2025
Сепак, тоа не значеше дека ќе биде лесно до крајот. Во вториот сет, Алкарас направи бреј, но Штруф веднаш направи ри-брејк, а Германецот со четири гема по ред стигна до 5:3 и на крајот го доби сетот со 6:4.
Третиот сет му припадна на Алкарас со 6:3 и тоа благодарение на еден брејк. Штруф имаше дури три двојни сервис грешки во гемот и тоа Шпанецот знаеше да го искористи.
Во четвртиот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис до 4:4. Потоа на сервис на Штруф, Германецот имаше дури шест гем топки кои не ги искористи, а потоа Алкарас искористи брејк топка за водство од 5:4. Потоа Шпанецот лесно го доби својот сервис за 6:4 и победа со 3:1.
Во првото коло на овогодишениот Вимблдон, Алкарас се намачи и играше меч кој траеше четири и пол часа и беше решен дури по пет одиграни сета.