Алкарас на три победи од престолот, следна пречка му е тенисер против кого никогаш не победил

Карлос Алкарас експресно се најде во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс и сега е на три победи од искачување на првото место на АТП листата, позиција на која во моментов е Новак Ѓоковиќ.

Алкарас против Џек Дрејпер помина само по 46 минути игра бидејќи Американецот се предаде во вториот сет поради повреда.

Следен ривал на Алкарас е Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, против кого Шпанецот нема ниту една победа во три меѓусебни дуели. Алкарас има освоено само еден сет против Оже-Алијасим.

Ако го мине и него, тогаш најголема надеж за Ѓоковиќ ќе биде Данил Медведев, кој може да се сретне со Алкарас во финалето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести