Алкарас направи листа од најтешки противници: Ѓоковиќ е на второ место

Во тенискиот свет во моментов е најактуелен Мастерсот во Шангај, каде први два носители се Карлос Алкарас од Шпанија и Русинот Данил Медведев. Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ не игра во Шангај затоа што реши дека му е потребен одмор.

Пред стартот на турнирот во Шангај, Алкарас беше запрашан за тоа кој е неговиот најтежок ривал на тврда подлога, а интересно тоа не е Ѓоковиќ.

„Медведев. Мислам дека е Медведев. Потоа е Ѓоковиќ, па Синер“, одговори младиот Шпанец.

Медведев неодамна го победи Алкарас во полуфиналето на САД Опен, а потоа Русинот во финалето загуби од Ѓоковиќ. Алкарас загуби од Ѓоковиќ и на нивната последна пресметка на тврда подлога а тоа беше на турнирот во Синсинати, но потоа Шпанецот на трева беше подобар од Ноле во епско финале на Вимблдон.

Во својата кратка, но доста интензивна кариера, Алкарас освен триумф на Вимблдон има и една Гренд слем титула на САД опен од минатата година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести