Алкарас: Не сум толку разочаран што не ја одбранив титулата, колку што сум разочаран од себе

Третиот тенисер во светот, Карлос Алкарас, не успеа да ја одбрани титулата на Индијан Велс, откако во полуфиналето загуби од Британецот Џек Дрејпер. Шпанецот, кој беше двократен бранител на трофејот, не го криеше разочарувањето по поразот.

„Ова боли. Не сакав да загубам. Беше тензично, ми беше тешко. Што можев да направам подобро? Да се држам до мојот стил, да бидам посмирен… Тоа беше големата разлика“, изјави Алкарас по мечот.

Иако шансата за трет последовен триумф во „пустината“ беше голема, 20-годишниот тенисер истакна дека повеќе го боли начинот на кој го одигра мечот.

„Секако дека сакав да освојам трет трофеј по ред, но не можам да очекувам да победам во секој меч. Не сум толку разочаран што не ја одбранив титулата, колку што сум разочаран од себе – начинот на кој пристапив кон мечот и чувството што го имав целиот ден. Не успеав да се смирам и тоа ме загрижува. Првиот сет веројатно беше еден од најлошите што сум ги одиграл некогаш“, призна Алкарас.

По поразот, Алкарас изгуби 600 АТП поени, но останува на третото место на светската ранг-листа. Шпанецот сега ќе се фокусира на следниот предизвик, Мастерсот во Мајами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести