8.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Алкарас од аеродром директно заминал на тренинг

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас утринава пристигна во Мелбурн каде ќе настапи на Отвореното првенство на Австралија, а веќе успеа да одржи и тренинг.

Само неколку часа откако слета во Мелбурн, Шпанецот спарингувал со Каспер Руд кој веќе неколку дена е во Австралија и настапува на турнирите во оваа земја кои претставуваат подготовка за првиот годинешен гранслем-турнир.

https://twitter.com/i/status/1744240676458357124

Алкарас кој минатата година поради повреда не настапи на Отвореното првенство на Австралија, токму во Мелбурн ќе го има првиот официјален настап во 2024 година.

Шпанецот изминатите неколку дена одигра егзибициски мечеви со Томи Пол во Мексико, со Новак Ѓоковиќ во Ријад и со Роберто Баутиста Агут во Мурсија.
Отвореното првенство на Австралија ќе започне на 14 јануари и ќе трае до 28 јануари, а титулата во машка конкуренција ќе ја брани Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести