Алкарас одговори на „вечното“ прашање: Најдобриот на сите времиња е – Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкарас минатиот викенд вторпат по ред го освои Вимблдон. Во финалето, 21-годишниот Шпанец го победи Новак Ѓоковиќ и дојде до својот вкупно четврти освоен грендслем трофеј. Набрзо по освојувањето на Вимблдон, Алкараз даде интервју за официјалната страница на АТП.

Мораше да одговори и на „вечното“ прашање, кој е најголемиот тенисер на сите времиња.

„Кога зборуваме за бројки, Новак Ѓоковиќ, тука нема сомнеж. Но, другите двајца, Федерер и Рафа, за мене исто така се на врвот“, одговори младиот Шпанец.

Што се однесува до другите теми, Алкарас вели дека најдуховитиот тенисер е Франсис Тијафо, најголем провокатор е Холгер Руне, дека Алекс Де Минаур е најпотценетиот играч. Го пофали и Гркот Стефанос Циципас за кого смета дека има најдобар форхенд.

- Оглас -

Најнови вести