Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се пласираше во четвртото коло на Отвореното првенство на САД, откако со 3:1 во сетови го победи Ден Еванс. Фаворитот мораше да се помачи малку повеќе од што очекуваше затоа што 28-миот на АТП листата успеа да му земе еден сет.
Алкарас ги доби првите два сета со 6:2 и 6:3, но во третиот подобар беше Еванс со 6:4. Младиот Шпанец потоа повторно заигра подобро и во четвртиот сет беше подобар со 6:3 и на тој начин си обезбеди место во следната рунда.
. !
Carlos Alcaraz is into the fourth round after overcoming Dan Evans 6-2 6-3 4-6 6-3 pic.twitter.com/fVCWbz7l3i
— Eurosport (@eurosport) September 2, 2023
„Знаев дека ќе биде незгоден ривал и затоа навистина сум среќен затоа што победив. Двајцата одигравме некои многу добри поени и ова беше убав тенис за гледање. Фокусиран сум и одам чекор по чекор. Моја цел е да ја одбранам титулата. Знам дека одбрана на титулата на САД Опен во последните 20-тина години имал само Роџер Федерер и секако тоа е мојата цел“, рече Алкарас по победата.
Во последните 25 години единствено Роџер Федерер успеал да го одбрани тронот на ОП на САД. Швајцарецот доминираше од 2004 до 2008 година кога пет пати во низа беше најдобар. Од таа 2008 година, секој следен турнир победникот е различен тенисер.