Алкарас откри кој тенисер има најголеми шанси да го победи Ѓоковиќ на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас смета дека тој нема големи шанси да го победи Новак Ѓоковиќ на следниот гренслем-турнир, Вимблдон.

Алкарас како своја мана го гледа неискуството на играње на трева и смета дека Ник Кирјос има поголеми шанси од него да го победи Ѓоковиќ.

„Мислам дека реков дека можам да победам на секој турнир на којшто ќе играм, но очигледно е дека на трева тоа е малку покомплицирано бидејќи немам големо искуство на вакви терени. Ѓоковиќ заедно со Федерер се едни од најдобрите тенисери во историјата на трева. Но, Кирјос играше во финалето и е многу добар на трева. Не велам дека не сум способен да го победам Ѓоковиќ, но на трева шансите ми се многу помали отколку на другите површини. Мислам дека Кирјос има најголеми шанси да го победи Новак на трева“, изјави Алкарас.

Третиот годинешен гренслем-турнир, Вимблдон ќе се игра од 3 до 16 јули.

- Оглас -

Најнови вести