Алкарас откри што го инспирира кај Новак и Рафа

Вториот тенисер на АТП ранг-листата, Карлос Алкарас, по пласманот во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откри што го инспирира кога го гледа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

„Ги гледам големите тенисери, Ѓоковиќ и Надал, како играат кога ќе се вратат по повредите. Имаат висок процент на освоени титули во настапите по повредите. Се угледувам на нив додека тренирав. Ме мотивираа да играм добро на првите турнири по повредата. Бев изненаден кога триумфирав на турнирот во Буенос Аирес, но сега, не сум“, рече Алкарас.

Алкарас во полуфиналето на Индијан Велс ќе игра против Италијанецот Јаник Синер, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Данил Медведев и Френсис Тијафо.

- Оглас -

Најнови вести