Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер нема да играат Мастерсот во Торонто, а нивниот пример ќе го следи и Карлос Алкарас. Шпанецот се повлече од турнирот во Канада, а за сите тројца се претпоставува дека се повлекуваат поради физички, но и психички замор од настапите на Вимблдон.
Во случаите на Ѓоковиќ и Синер причините се бараат и во ситните повреди кои ги имаа за време на турнирот во Велика Британија, поради кои имаа големи потешкотии, но и покрај тоа Италијанецот дојде до трофејот.
Очекувањата се дека Новак Ѓоковиќ нема да настапи и на турнирот во Синсинати, се со цел што е можно подобро да се подготви за настапот на САД опен.