Алкарас побара медицински тајмаут, поради што загуби поен и гем

Полуфиналната мегапресметка меѓу Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ во која за 150 минути се одиграа два цели сета, почна да го зема данокот кај тенисерите во третиот сет.

Во вториот гем од третиот сет, на повреда се пожали Шпанецот, поради што судијката Орели Турте му дозволи на Алкарас медицински тајмаут.

По неколкуминутната масажа на ногата, мечот продолжи, но бидејќи медицинскиот тајмаут беше побаран за време на игра, Новак автоматски доби поен кој му беше доволен да направи брејк и да поведе со 2:1 во гемови во третиот сет.
Моментно е израмнето во сетови, првиот му припадна на Ѓоковиќ со 6:3, а вториот го освои Алкарас со 7:5.

- Оглас -

Најнови вести