Карлос Алкарас му се придружи на Јаник Синер во големото финале на завршниот АТП-турнир во Торино. Шпанецот, очекувано, со максимален резултат од 2-0 славеше над канадскиот тенисер, Оже-Алијасим, во полуфиналето на турнирот во Торино.
Во првиот сет, Алкарас имаше два брејка за 6-2, додека во вториот му беше доволен само еден и тоа во последниот гејм за 6-4 и победа од 2-0 во сетови.
Јаник Синер во утрешното финале ќе го брани трофејот од минатата сезона, додека Карлос Алкарас ќе игра во своето прво финале на завршниот АТП-турнир и ќе има можност да дојде до деби трофејот од ова натпреварување.
Најтрофеен е Новак Ѓоковиќ со седум трофеи, додека Роџер Федерер има еден помалку.

