Алкарас победи во Индијан Велс и го симна од тронот Ѓоковиќ, повторно е светски тенисер број еден

Шпанецот Карлос Алкарас триумфира на првиот годинешен мастерс турнир, Индијан Велс, и се искачи на првото место на ранг-листата на АТП, симнувајќи го од тронот Новак Ѓоковиќ.

Алкарас во финалето на Индијан Велс беше подобар од Данил Медведев во два сета, и тоа со 6:3,6:2.

Шпанецот одлично го започна мечот, го одзеде првиот сервис на Русинот и поведе со 3:0 во гемови, по што без проблеми ја зачува предноста и поведе со 1:0 во гемови.

Во вториот сет, Медведев буквално се предаде без борба, му дозволи на Алкарас да направи два брејка на стартот, кои му донесоа предност од 4:0 во гемови, со што стана јасно дека на крајот Шпанецот ќе ја освои титулата.

Ова е осма титула за Алкарас во кариерата, а трета на турнирите од серијата Мастерс 1000.

Со триумфот во Индијан Велс, Алкарас се врати на првото место на АТП ранг-листата надминувајќи го Новак Ѓоковиќ за 260 бода.

- Оглас -

Најнови вести