26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Алкарас покажува зошто е крал на Вимблдон, трета година по ред ќе игра во финалето

Карлос Алкарас се пласира во финалето на Вимблдон, откако со 3:1 во сетови го победи Тејлор Фриц. Шпанскиот тенисер сега е на само една победа од комплетирање на хет-трик титули на најпрестижниот гранслем-турнир. Алкарас доминира на Вимблдон и се радуваше на титулите во 2023 година и 2024 година, а сега повторно е во финалето, каде ќе го чека подобриот од второто полуфинале каде ќе играат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.

Во првиот сет од денешното полуфинале, Алкарас започна со брејк и потоа беше сигурен на свој сервис, па за 36 минути го доби сетот со 6:4. Фриц се врати во игра во вториот сет. Американецот беше перфектен на свој сервис и кога водеше со 6:5, успеа да направи брејк за 7:5 и израмни на 1:1 во сетови.

Во третиот сет доминираше Алкарас. Шпанецот направи два брејка и лесно го доби сетот со 6:3. Многу повозбудлив беше во четвртиот сет. Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па мораше да се игра тај-брејк, каде што Фриц водеше со 6:4 и имаше две сет топки. Сепак Алкарас не се предаде, ги спаси двете сет топки, а потоа стигна и до 8:6 за освојување на сетот и пласман во финалето на Вимблдон.

Во 21 век единствено Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер успеале три години по ред да го освојуваат трофејот на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести