Алкарас призна: „Воопшто не сум мотивиран да играм, распоредот е премногу густ“

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас беше дел од Лејвер купот во Берлин, но воопшто не беше задоволен што мораше да настапи на турнирот, а во изјава за медиумите го критикуваше густиот распоред.

„Веројатно на некој начин нас ќе нè убијат. Во моментов многу добри тенисери ќе ги пропуштат турнирите поради повреди. Некогаш не сакате да одите на турнир. Нема да лажам, така се чувствував неколку пати. Понекогаш воопшто не се чувствувам мотивиран. Мојот најдобар тенис го играм кога се смеам и уживам на теренот. Тоа е најдобрата опција да останам мотивиран“, рече Алкарас.

Шпанецот оваа сезона веќе одигра 50 натпревари, на кои забележа 41 победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести