15.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Алкарас се мачеше, но дојде до финале во кое ќе игра со последниот од којшто загуби

Најдобриот светски тенисер, Карлос Алкарас, се пласира во финалето на АТП 500 турнирот во Токио откако попладнево во драматичен меч беше подобар од Каспер Руд со 3-6, 6-3, 6-4.

Загубениот прв сет не го разниша фаворитот, до крајот веќе не загуби ниту еден гејм на свој сервис, а правеше по еден брејк во вториот и третиот сет, што беше доволно за победа. За Карлитос тоа ќе биде десетто финале годинава, а има и рекордни 66 победи во 2025, што му е најуспешна година во кариерата.

Во финалето, кое е закажано за утре, Шпанецот ќе игра со Тејлор Фриц. Американскиот тенисер е последниот што успеал да го победи Алкарас, тоа беше на Лејвер купот на тврда подлога, а и во Токио се игра на тврда подлога.

- Оглас -

Најнови вести