Алкарас се мачи на трева, едвај, и тоа со пресврт го победи 83-тиот тенисер на АТП ранг-листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас добро се испоти за да победи на првиот меч на турнирот во Квинс, Лондон.

Шпанецот во три меч кој траеше 155 минути славеше против 83-тиот тенисер на АТП ранг-листата, Артур Риндеркнех од Франција, и тоа со пресврт (4:6,7:5,7:6). Со тешката победа над Французинот, Алкарас потврди дека тревата му е најслаба подлога.

Првиот сет беше одлучен во завршницата, прво Риндеркнех направи брејк за 5:3, но Алкарас веднаш возрати и имаше шанса на свој сервис целосно да се врати во сетот. Но, Фрацузинот повторно направи брејк за водство од 1:0 во сетови.

Вториот сет го реши еден брејк, него го направи Алкарас, и тоа во 11-тиот гем.

Во третиот сет, двајцата тенисери направија по еден брејк, но потоа беа сигурни на свој сервис и одлуката околу победникот падна во тај-брејкот. Во него подобар беше Шпанецот, дури трипати направи мини-брејк и на крајот славеше со 7:3 за пласман во осминафиналето на турнирот во Лондон.

https://twitter.com/TennisTV/status/1671187330185547776?s=20

- Оглас -

Најнови вести