Алкарас се намачи против тенисерот со најмногу победи на земја во 2026

Карлос Алкарас со многу мака го победи Томас Ечевери со 6-1, 4-6, 6-3 во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло кој се игра на земјена подлога.

Аргентинецот Ечевери е тенисерот со најмногу победи на земја во 2026 година, па и не е чудо што му пружи силен отпор на првиот носител и лидер на АТП листата.

Во четвртфиналето Алкарас ќе игра со Бублик, а едно од четвртфиналињата е Синер – Оже Алиасим.

Математиката вели дека Синер ќе го преземе првото место на АТП ранг листата ако го освои турнирот во Монте Карло, а и финале ќе му биде доволно, ако Алкарас кој го брани трофејот од лани, не стигне до финалето. Ако денеска загубеше Алкарас, на Синер ќе му требаше само уште една победа за преземање на тронот, вака ќе треба да се помачи.

Инаку победа на Синер над Оже Алиасим му одговара и на Ѓоковиќ кој така сигурно би останал четврти на АТП листата. Ако Канаѓанецот го освои турнирот во Монте Карло, Новак паѓа на петта позиција.

- Оглас -

Најнови вести