Алкарас се откажа: Шансите да го стигнам Ноле ми се нула

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас синоќа беше непријатно изненаден од Русинот Роман Сафиулин (45-ти на АТП-листата) и беше елиминиран уште на стартот од АТП мастерс-турнирот во Париз. По овој пораз, Алкарас беше многу разочаран и дури изјави дека се откажува од трката за првото место на АТП-листата на крајот од годината.

„По овој пораз, веќе немам опции. Сите шанси кои ги имав да завршам како број 1 на крајот од годината сега ги нема. Веќе воопшто не ни размислувам за тоа затоа што шансите ми се нула“, рече Алкарас, кој даде објаснување зошто загубил од Русинот.

„Не се чувствував добро на теренот. Треба да подобрам многу работи. Не се движев добро. Мислам дека имав добра селекција на удари, но физички во движењето морам да се подобрам. Овој турнир носи многу изненадувања затоа што е крај на сезоната и тенисерите се уморни. Имам време сега до завршниот турнир, треба многу напорно да тренирам за да дојдам до нивото на кое сакам да бидам во иднина“, додаде Алкарас, кој ги спакува куферите уште по првото коло во Париз.

Според калкулациите, Ѓоковиќ има голема шанса по рекорден осми пат една година да ја заврши на првото место. За тоа што му е потребно на Ноле до крајот на сезоната, прочитајте ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести