Карлос Алкарас на Мастерсот во Рим дојде со повреда на бутниот мускул, но и тоа не го спречува да игра одлично во главниот град на Италија. Ги победи Лајовиќ, Ѓере и Хачанов за место во четвртфиналето, а сега без многу проблеми со 2:0 во сетови славеше и над Џек Драпер.
Со место во полуфиналето, Алкарас освои доволен број бодови за да биде на второто место на АТП-листата на следното понеделничко рангирање.
Со тоа што успеа да се искачи до второто место на АТП-листата, Алкарас си обезбеди мир дека на престојниот гранслем-турнир, а тоа е Ролан Гарос, само во финалето може да се сретне со број 1 тенисерот во светот, Јаник Синер.
Многумина сметаат дека финале во Париз меѓу Синер и Алкарас ќе биде вистинско шоу затоа што тоа се двајцата играчи кои се иднината на тенисот.
Еден од најголемите губитници по расплетот на Мастерсот во Рим ќе биде Александер Зверев затоа што Германецот никако не може да биде барем на второто место на АТП, што значи дека ако игра добро на гран-слемот во Париз, во полуфиналето најверојатно ќе има многу тешка задача.